Науката да се стави во функција на стопанството

Инвестициите наменети за истражување и развој, не се на завидно ниво. Треба да се стимулираат за да се подобри конкурентската позиција на македонското стопанство, препорачуваат експертите.
Научно-истражувачката дејност треба што поскоро да биде ставена во функција на развој на стопанството во државата. Со изнаоѓање заеднички решенија, треба да се понуди нова перспектива во решавање на економските и финансиските проблеми, во надминување на кризата на системот и ерозијата на социјалниот капитал воопшто.
Иновацискиот капацитет на една земја во голема мера е детерминиран од способностите на работната сила да креира нови знаења, како и да ги усвојува, адаптира и применува постојните знаења и техонологија.
Ѓорѓи Манчески, декан на Економски факултет од Прилеп.

Според експертите, инвестициите во државата наменети за истражување и развој, не се на завидно ниво. Треба да се стимулираат за да се подобри конкурентската позиција на македонското стопанство.

„Иновацискиот капацитет на една земја во голема мера е детерминиран од способностите на работната сила да креира нови знаења, како и да ги усвојува, адаптира и применува постојните знаења и техонологија. Таа способност превенствено зависи од степенот на образование и стручните компетенции на работната сила, како и од интересот на компаниите за поддржување на овој сегмент“,

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристескии потпишува спогодба за соработка помеѓу Економскиот факултет Прилеп и Економскиот институт од Украина

изјави професор д-р Ѓорѓи Манчески, декан на Економски факултет од Прилеп.

Тој смета и дека во Македонија постои голем степен на неискористеност на човечките ресурси, токму поради нискиот степен на образование. Според тоа, оценува дека политиката на Владата за стимулирање на високото образование е во функција на развој на стопанството.

А, според извештајот на Светскиот
Универзитетите слабо комуницираат со пазарот на работна сила, за да им овозможат на своите студенти директно искуство. Тоа беше поради природата и структурата на универзитетите и факултетите, што со воведување на интегрираните универзитети се смени.
Ненад Марковиќ, универзитетски професор.

економски форум, вo согласност со критериумите за компетентност, иновациските капацитети на Македонија се на 84-то место до 131 земја.

Според Ненад Марковиќ, доцент на Правниот факултет во Скопје, бизнис заедницата и власта независно дали е на локално или централно ниво, не го препознаваат цивилниот сектор како свој партнер во одлучувањето, иако располага со огромни капацитети на научно-истражувачка дејност.

„Втората димензија е дека универзитетите слабо комуницираат со пазарот на работна сила, за да им овозможат на своите студенти директно искуство. Тоа беше поради природата и структурата на универзитетите и факултетите, што со воведување на интегрираните универзитети се смени. Организациите од цивилниот сектор се перцепираат како организации со слаб капацитет“, истакнува професор Марковиќ.

Експертите ги повикуваат стопанските субјекти на заедничка соработка, со цел да се најдат решенија кои ќе го подобрат вкупниот стопански амбиент.

„Не можеме да понудиме конкретни решенија, но можеме да понудиме алтернативи, претпоставки кои ќе иницираат и антиципираат процеси кои во себе ќе содржат определени решенија“, вели професор д-р Љупчо Печијарески од прилепскиот Економски факултет и додава дека конкретните одлуки сепак остануваат на бизнисмените и политичарите.

А, според статистичките податоци очевидно се намалува бројот на вработени во научно- истражувачките и развојни дејности. Пред 12 години биле ангажирани 0,59, а лани се евидентирани 0,30 отсто во однос на вкупниот број вработени во државата.