Можеби никогаш нема да се докаже кој ги пали меѓуетничките односи во Македонија, но јасно е дека одговорноста за состојбите во државата е во рацете на власта. Истрагата е во тек, а засега од власта апели за смирување на ситуацијата. И додека од СДСМ денеска се недостапни за коментар, од ДПА тврдат дека зад ова стојат структури на власта за покривање на неуспеите на меѓунроден план.
Увидот на местото на пожарот кај црквата Свети Ѓорѓија во Мала Речица којшто изби синоќа е завршен, соопштија од СВР Тетово, при што засега за јавноста е достапен единсвено податокот дека станува збор за подметнат пожар, но во оваа фаза не би можело да се каже и кој и од каде е сторителот, велат оттаму. Полицијата во функција на превенција од повтoрување на вакво дело, краткорочно ќе го зголеми присуството на местото на настанот.
„Сега засега немаме други индиции кои би наметнале потреба од подолгорочно, во овој период немаме некои други нарушувања на безбедносната состојба“, изјави Маријан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Министерката за внатрешни работи вчера апелираше да не се подлегнува на провокации, но како дел од извршната власт не најави поконкретни активности за смирување на низата настани кои ги зголемија меѓуетничките и меѓуверските тензии во земјата.
Партиите од власта вчера излегоа со заедничко соопштение на кое се повикаа и денеска, во кое ги осудија настаните и се оградија од случувањата. Последните настани покажуваат дека меѓуетничките односи во земјата се кревки и на нив треба да се работи, изјави Артан Груби од ДУИ.
„Слично заострување имавме и со претходни проекти како со Скопје 2014-та, или како со црквата на Кале и слични некои моноетнички проекти, но она што се случи на спортските терени, па во Вевчани, па исто и во Струга, мислам дека е аларм којшто треба да придонесе да се разбудат сите општествени фактори и да придонесуваат кон негување на добри меѓуетнички и меѓуверски односи во Македонија.“
Во моментов не треба да се бара одговорност, туку да се работи на смирување на страстите, а потоа да се направат и анализи зошто дошло до нив, додава Груби и вели дека неговата партија е активна на терен во оваа насока.
Зиадин Села од ДПА е убеден дека зад инцидентите стојат политичките структири од власта, особено затоа што во изминативе шест месеци колку што се подгреваат меѓуетничките односи, двете партии во власта не излегле со никаква осуда и реакција.
„За жал, кога во Македонија има проблеми, било од политички, било од економски аспект, постојано некој поттикнувал меѓуетнички проблеми. Сега власта си создава алиби, создава тензии внатре, меѓуетнички тензии кои се многу опасни за да го покријат неуспехот што ќе го доживеат на Самитот во Чикаго“, изјави Села.
Она што се случи на спортските терени, па во Вевчани, па исто и во Струга, мислам дека е аларм којшто треба да придонесе да се разбудат сите општествени фактори и да придонесуваат кон негување на добри меѓуетнички и меѓуверски односи во Македонија.Артан Груби, ДУИ.
„Сега засега немаме други индиции кои би наметнале потреба од подолгорочно, во овој период немаме некои други нарушувања на безбедносната состојба“, изјави Маријан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Министерката за внатрешни работи вчера апелираше да не се подлегнува на провокации, но како дел од извршната власт не најави поконкретни активности за смирување на низата настани кои ги зголемија меѓуетничките и меѓуверските тензии во земјата.
Партиите од власта вчера излегоа со заедничко соопштение на кое се повикаа и денеска, во кое ги осудија настаните и се оградија од случувањата. Последните настани покажуваат дека меѓуетничките односи во земјата се кревки и на нив треба да се работи, изјави Артан Груби од ДУИ.
Сега власта си создава алиби, создава тензии внатре, меѓуетнички тензии кои се многу опасни за да го покријат неуспехот што ќе го доживеат на Самитот во Чикаго.Зиадин Села, ДПА.