Меѓународната организација „Репортери без граници“ изрази загриженост поради соопштението на социјалната мрежа Твитер дека можеби ќе блокира постови на корисници од „специфични„ земји. За Репортети без граници тоа е „соработка со цензурата“ и лоша вест за интернет слободата и изразувањето. Твитер пак, вчера соопшти дека работи во земји со поинакви идеи за тоа што е слобода на изразот. Твитер оваа опција не е користел досега и ако ја користи тогаш ќе ги извести корисниците во тие земји дека нивната содржина е неприфатлива.