На вчерашната средба во Брисел со Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен премиерот Никола Груевски побара повторно да се разгледаат заклучоците од НАТО Самитот во 2008 година во Букурешт кои се однесуваат на Република Македонија и да се земе предвид Хашката пресуда во која се укажува на прекршување на некои од одредбите во Времената спогодба од страна на Грција.
На средбата со Расмусен во Брисел, Груевски рече дека Грција не смее да ја употребува економската криза како изговор за избегнување на натамошен дијалог, и додаде оти Владата останува посветена на стратегиската цел, Македонија да стане членка на НАТО алијансата.