Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи денеска во Атина се сретна со грчкиот вицепремир Теодорос Пангалос. Таа на грчкиот премеир Пападимос му однесе писмо од премирот Груевски со барање за средба.
Грција ја поддржува европската перспектива на земјите од западен Балкан, рекол грчкиот вицепремиер Теодорос Пангалос на средбата со македонскиот вицепремиер Теута Арифи, денеска во Атина.
Дозволете со ова писмо да изразам подготвеност и јасна и недвосмислена волја за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за спорот кој е отворен од вашата држава, а кој се однесува на името на мојата земја.Писмо до Груевски до Пападимос.
Патувањето во Атина вицепремиерката го искористи да достави барање од македонскиот премиер за средба со неговиот грчки колега. Во писмото Груевски наведува дека е подготвен евентуаланта средба да се случи во Грција, Македонија или на кое било друго место, само да се случи
„Дозволете со ова писмо да изразам подготвеност и јасна и
Преговорите се напразно, затоа што вистинскиот и сериозен проблем се ВМРО-ДПМНЕ, вистинскиот и сериозен проблем е нивната влада и нивната.Алајдин Демири, професор.
Вицепремиерката Арифи уште минатиот септември побара средба. Нејзиниот грчки колега Пангалос, откако прво прифати, потоа ја презакажа за почетокот на оваа година. Од кабинетот за европски прашања велат дека
Пангалос е прв од грчките челници кој прифати средба со македонски колега. Во декември, барање за ваков директен контакт од премиерот Груевски одбија новиот грчки
Јас сериозно се сомневам дека во однос на решавањето на прашањето за името, или во давањето предлози, се сомневам дека сериозно се навлезени во тоа. Знаете, централното прашање е решавање на други прашања, надминување на други пречки и не знам дали навлегле во тоа.Никос Папаконстантину, советник за медиуми во постојаната мисија на Грција при ОН.
премиер Пападимос и лидерот на Неа Демократија, Андонис Самарас.
Денешната средба во Атина е самокупување време, овие луѓе немаат мандат за одлука и разговараат само напразно, вели професор Алајдин Демири.
„Преговорите се напразно, затоа што вистинскиот и сериозен проблем се ВМРО-ДПМНЕ, вистинскиот и сериозен проблем е нивната влада и нивната одлука за менување на името. Овие се формални работи и не знам од која причина ДУИ ги прифаќа, затоа што и тие се свесни дека се една формалност која ништо не допринесува.“
Демири додава дека денешаната средба ќе се искористи и пред меѓународната заедница за да се прикаже дека нешто се работи, има средби.
„Појавувањето на Нимиц, треба овие денови тој повторно да се појави и аргументот на Грција и аргументот на Македонија ќе биде дека ние нешто правиме, нешто преговараме.“
Никос Папаконстантину, советник за медиуми во постојаната мисија на Грција при ОН, во разговор со нашиот дописник од Њујорк Кортни Брукс, вели дека на последната средба на Метју Нимиц со двајцата преговарачи, немало конкретни разговори за некакви решенија за името.
„Јас сериозно се сомневам дека во однос на решавањето на прашањето за името, или во давањето предлози, се сомневам дека сериозно се навлезени во тоа. Знаете, централното прашање е решавање на други прашања, надминување на други пречки и не знам дали навлегле во тоа“, вели Папаконстантину за Радио Слободна Европа.