Во годинашното редовно обраќање за состојбата на нацијата, американскиот претседател Барак Обама изложи план за поголема економска правдина и за поголема вработеност во земјата. Потенцирајќи ги постигнувањата на неговата надворешна политика во минатата година, Обама прогласи: „Америка се врати“.
Говорејќи на заедничката сесија на двата дома на американскиот Конгрес, претседателот Барак Обама изјави дека клучно прашање во моментов е дали, како што рече, основното американско ветување е се уште достапно за сите, односно дали со напорна работа е можно да се подигне семејство, да се поседува дом, да се школуваат децата и да се штеди за пензија.
„Можеме да се решиме или за земја каде што на мал број луѓе им е навистина добро, а поголем број Американци едвај составуваат крај со крај, или да ја обновиме економијата, каде што секој ќе добие можност за фер удар и секој ќе игра според истите правила.“
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека неговиот економски план треба да придонесе за рамнотежа на американската економска нееднаквост меѓу богатата средна класа и сиромашните.
Тоа, како што изјави, ќе се оствари преку реформите на даночната политика. Во говорот тој предложи луѓето кои заработуваат над милион долари годишно да плаќаат најмалку 30 отсто данок.
Обама најави закони со кои американските работници ќе станат поконкурентни од странските.
„Да не забориваме никогаш: Милиони Американци кои секојдневно напорно работат и играат според правилата заслужуваат влада и финансиски систем што ќе го прави истото. Време е за примена на истите правила од врвот до дното. Без пакети за спас, без подароци, без заштита. Америка која е изградена да трае инсистира на одговорност од сите.“
Говорот што го даде Обама секако е последното негово обраќање на толку голема публика пред ноемвриските претседателски избори, но беше и можност да ги истакне своите успеси и да ја објасни визијата за иднината.
„Состојбата на нашата нација станува се посилна и сега дојдовме предалеку за да се вратиме“, изјави Обама, додавајќи:
„Од сојузите што ги изградивме за обезбедување на нуклеарните материјали, до мисиите кои ги водиме против гладта и болестите, од ударите што им ги нанесовме на нашите непријатели, до трајната моќ на нашиот морален пример: Америка се врати.“
Според Обама, сите што велат дека американското влијание слабее не знаат што зборуваат, бидејќи, како што рече, тоа не е во согласност со пораките од светот каде што мислењата за Америка се на највисокото ниво во изминативе неколку години.
Притоа, тој наведе дека за прв пат во изминативе девет години Американците не се борат во Ирак, оти за прв пат во последниве две децении Осама бин Ладен не е закана за Америка и оти талибанците се скршени во Авганистан.
„Америка е решена да го спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје и јас ќе ги земам предвид сите опции за да ја постигнам таа цел. Се уште е можно мирно решение за ова прашање и многу подобро е Иран да го смени курсот и да ги испочитува обврските со што повторно ќе се врати во заедницата на народите.“
Претседателот Обама исто така вети дека ќе биде стожер на продемократските движења во арапските земји.
„Можеме да се решиме или за земја каде што на мал број луѓе им е навистина добро, а поголем број Американци едвај составуваат крај со крај, или да ја обновиме економијата, каде што секој ќе добие можност за фер удар и секој ќе игра според истите правила.“
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека неговиот економски план треба да придонесе за рамнотежа на американската економска нееднаквост меѓу богатата средна класа и сиромашните.
Можеме да се решиме или за земја каде што на мал број луѓе им е навистина добро, а поголем број американци едвај составуваат крај со крај, или да ја обновиме економијата, каде што секој ќе добие можност за фер удар и секој ќе игра според истите правила.
Тоа, како што изјави, ќе се оствари преку реформите на даночната политика. Во говорот тој предложи луѓето кои заработуваат над милион долари годишно да плаќаат најмалку 30 отсто данок.
Обама најави закони со кои американските работници ќе станат поконкурентни од странските.
„Да не забориваме никогаш: Милиони Американци кои секојдневно напорно работат и играат според правилата заслужуваат влада и финансиски систем што ќе го прави истото. Време е за примена на истите правила од врвот до дното. Без пакети за спас, без подароци, без заштита. Америка која е изградена да трае инсистира на одговорност од сите.“
Америка е решена да го спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје и јас ќе ги земам предвид сите опции за да ја постигнам таа цел.