Истрага дали британски војници силувале деца во Авганистан

Илустрација: Британски војник во Авганистан.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека отворило истрага, откако во медиумите се појавија обвинувања дека двајца британски војници сексуално злоупотребувале деца во Авганистан. Министерството соопшти дека ги сфаќаат обвинувањата „екстремно сериозно“. Британскиот весник Сан објави дека еден наредник и еден војник сексуално злоупотребувале момче и девојче помлади од 10 години и сето тоа го снимиле.

Во Авганистан има околу 9,500 војници.

Од кабинетот на претседателот Хамид Карзаи соопштија дека на авганистанската влада и се гади од порастот на неморални инциденти меѓу странските војници.

Обвинувањата доаѓаат помалку од една недела откако беше објавена снимка на која се гледа како американски маринци уринираат врз труповите на убиени талибанци.