Околу 200 опозициони активисти се собрале денеска во Алма Ата на протести против резултатите од парламентарните избори во Казахстан, што се одржаа во неделата. Опозицијата врди дека изборите биле наместени. На изборите победија владејачките партии, предводени од претседателот Нурсултан Назарбаев.