Споменикот на Филип Втори се уште го бранува битолскиот гратски совет. Советниците овој пат се поделија на словенски и антички при дискусијата дали треба да се слави и празник за основачот на Хераклеја.
И по половина година од поставувањето на споменикот на Филип Втори во центарот на градот, оваа тема се уште предизвикува негодувања во општинскиот Совет. Кога Битола постави споменик на античкиот војсководец, редно е и да го чествува основачот на Хераклеја, иронично предложија советници од опозицијата.
Горан Милевски од ЛДП побараа датумот на неговото раѓање или на смртта да влезат во програмата за одбележување на историски личности и настани. По ова се разврза дискусија во која советниците се етикетираа како словенски или антички Македонци, имаше доста провокации, па и шега.
Следува дел од дискусијата меѓу советникот Милевски и претседателката на Советот, Силвана Анѓелевска.
„Се предлага само прослава на словенски настани, значи откако дошле Словените на Балканот, а ја заборавивте Античка Македонија и ликовите од тоа време. Кога Битола вложи половина милион евра за
изградба на споменикот на Филип Втори, редно беше да предвидите настан, дали раѓање или смрт за Битола достојно да го одбележи основачот на Хераклеја. Тоа ви е голем пропуст“, изјави Милевски.
„Ние сме антички Македонци. Ти што си?“, праша Анѓелевска.
„Бидејќи сте антички Македонци редно беше и да прославите некој датум од античка Македонија. Викате дека сте антички, а ги славите само словенските датуми“, возврати Милевски.
По оваа дискусија неговиот предлог беше отфрлен од мнозинството советници од владеачката коалиција. Беше дадено образложение дека советникот не го конкретизирал предлогот, па кога ќе ја утврди точната дата на раѓање или смрт на Филип Втори повторно ќе може да го достави предлогот за негово чествување.
Ние сме антички Македонци. Ти што си?Силвана Анѓелевска, претседателка на градскиот Совет.
Горан Милевски од ЛДП побараа датумот на неговото раѓање или на смртта да влезат во програмата за одбележување на историски личности и настани. По ова се разврза дискусија во која советниците се етикетираа како словенски или антички Македонци, имаше доста провокации, па и шега.
Следува дел од дискусијата меѓу советникот Милевски и претседателката на Советот, Силвана Анѓелевска.
„Се предлага само прослава на словенски настани, значи откако дошле Словените на Балканот, а ја заборавивте Античка Македонија и ликовите од тоа време. Кога Битола вложи половина милион евра за
Бидејќи сте антички Македонци редно беше и да прославите некој датум од античка Македонија. Викате дека сте антички, а ги славите само словенските датуми.Горан Милевски, советник до ЛДП.