Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај денеска оцени дека планот на поранешниот пратеник на Обединетите нации Марти Ахтисари за независноста на Косово е „најдобрата рамка“ за интеграција на Србите од северно Косово.
„Ако можете да најдете во Европа план, кој на некое малцинство му дава повеќе права отколку што добиваат Србите во Косово, би сакал да ми го покажете“, изјави Хоџај на прес-конференција во Подгорица по средбата со шефот на црногорската дипломатија Милан Роќен.
Во исто време, Хоџај го отфрли планот на српскиот претседател Борис Тадиќ, со кој се предвидува специјална заштита на манастирите на Српската православна црква во Косово, специјални гаранции за Србите во енклавите јужно од реката Ибар, решавање на прашањата за имотот на српските граѓани и на државата Србија на територијата на Косово и за статусот на северно Косово.