Предупредување за цунами во Индонезија

Индонезија издаде предупредување за можно цунами по силниот земјотрес што ја погоди провинцијата Ацех на островот Суматра. Американскиот геолошки центар соопшти дека потресот бил со интензитет од 7,3 степени.
Во 2004 година Индонезија беше погодена од катастрофален земјотрес кој предизвика огромен морски бран цунами при што загинаа околу 230.000 луѓе во Индискиот Океан, половина од нив во Ацех.