Вива Верди за Василица во МОБ

Традиционален Василичарски концерт на МОБ.

ВИВА ВЕРДИ е насловен оперскиот концерт што овој четврток и петок, со почеток во 20 часот, ќе се одржи на сцената на Македонската опера и балет, во чест на празникот Василица.
Арии од Риголето, Травијата, Аида, Трубадур, Дон Карло, Моќта на судбината, Набуко, Корсар, Атила, Магбет, Лујза Милер - најпознатите опери на славниот Џузепе Верди, ќе прозвучат од сцената на Македонската опера и балет на перформансите што овој четврток и петок ќе се одржат по повод празникот Василица.
Се потрудивме да донесеме квалитетни гости и нормално главниот акцент е на нашите солисти од Операта.
Александар Котевски, директор на Операта.

На концертот што е именуван како Вива Верди! планирано е да настапат најпознатите македонски оперски солисти како сопранистките Славица Петровска Галиќ, Весна Гиновска Илкова, Благица Поп Томова и Павлина Новакова – Георгиев, тенорите Ѓорѓи Цуцковски и Зоран Сотиров, мецосопранистката Ирена Кавкалевска и баритонот Борис Трајанов.

Покрај нив учество ќе земат Андријана Јоција од Италија,

Сцена од операта Риголето на Џузепе Верди во изведба на МОБ

Бугарката Данијела Дјакова и Бурак Билџили од САД, а со оркестарот ќе раководат нашата Бисера Чадловска и италијанскиот диригент Алесандро Д Агостини.

„Се потрудивме да донесеме квалитетни гости и нормално главниот акцент е на нашите солисти од Операта, имаме исклучително добри солисти Бурак Билџили – бас кој моментално
Учесник сум откако постои оваа традиција. Ќе се преставам со арија на Џилда од вердивата Риголето, затоа што е вечер посветена на Верди и затоа што одамна не сум ја пеела таа арија, ја избрав токму неа.
Славица Петровска Галиќ, оперска певица.
настапува во Метрополитен Опера, Данијела Дјакова – мецо сопран од Бугарија и гостинот солист сопран од Италија Андријана Јоциев“, вели Александар Котевски, актуелен директор на Операта.

Певицата Славица Петровска Галиќ на претстојниот концерт ќе се претстави со арија на Џилда од вердиевата – Риголето.

„Учесник сум откако постои оваа традиција. Ќе се преставам со арија на Џилда од вердивата Риголето, затоа што е вечер посветена на Верди и затоа што одамна не сум ја пеела таа арија, ја избрав токму неа.“

Таа, наспроти обврските со студентите од својата класа на Музичката академија се подготвува и за праизведба на нова оперска претстава во нашата национална оперска куќа.

Концертната традиција за празникот Василица во МОБ датира од 1995 година и таа на љубителите на оперската уметност им нуди прекрасна можност да уживаат во изведбите на некои од највпечатливите арии од светски познатите оперски дела.
Инаку, по овој прв поголем концерт во МОБ следуваат уште неколку кои недвојбено ќе ја анимират публиката докрајот на сезоната 2011 / 2012 година за што Котевски со дополна:

„По овој Василичарски концерт имаме концерт за Тоше Проевски на 21-ви јануари, потоа ја имаме Шехерезада, детски престави, новот циклус на клинк-кланк каде ја анимираме младата публика од 3 до 7 години, во март имаме обнова на Луџија ди Ламермур и јубилејните мајски оперски вечери и така натаму.“