ЕУ ќе одлучува за ембаргото за нафта од Иран на 23 јануари

Нафтено наоѓалиште во Иран.

Членките на ЕУ се согласија да го поместат состанокот на министрите за надворешни работи за една недела, односно за 23 јануари, кога треба да разговараат за ембаргото за увоз на нафта од Иран. Поместувањето на терминот е направено за да не се поклопи со Самитот на лидерите на земјите од ЕУ закажан за 30 јануари. Европските земји начелно се согласија да воведат ембарго за увоз на иранска нафта, како дел од притисокот против Техеран поради спорната нуклеарна програма.