Во првите шест месеци од минатата година, како што пишува весникот Катимерини, бројот на Грци кои емигрирале во Германија пораснал за 84 проценти. Бум грчки емигранти има во германската покраина Баварија, каде што само во Минхен живеат околу 23.000 Грци. Според весникот, најголемиот број од новите грчки иселеници во Германија се млади луѓе кои не можат да најдат работа во Грција. Во првите десет месеци од минатата година вкупно 79.000 Грци поднеле барања за вработување во некоја од европските земји. Во текот на целата 2010 година, бројот на Грци што барале работа во членките на ЕУ изнесувал 46.000, наведува Катимерини.