Американскиот претседател Барак Обама најави нова воена стратегија која нема да биде насочена кон скапи копнени војни како оние во Ирак и Авганистан, туку кон борбата против тероризмот, нуклеарната одбрана и заштита на американска територија. Фокусот сега ќе биде ставен врз Пацификот и растечката воена моќ на Кина.
Американскиот претседател Барак Обама во неочекуваното појавување во Пентагон, ова е за прв пат некој американски претседател да се појави во прес салата на Пентагон, оцени дека со планот се балансира потребата за, како што изјави, одржување на американската војска како најдобра во светот со потребата за штедење.
Според него, планирано е војската да биде поагилна и со јасни одбранбени приоритети.
„Го побарав овој сеопфатен одбранбен преглед за расчистување на нашите стратегиски интереси во светот кој брзо се менува и за водење на нашите одбранбени приоритети и трошоци во оваа декада. Уште повеќе што мора да ги запамтиме лекциите од минатото. Не смееме да ги повториме грешките, не по Втората светска војна, по Виетнам, кога нашата војска не беше доволно подготвена за иднината.“
Со американските сили надвор од Ирак и наскоро надвор од Авганистан, Обама додаде дека Пентагон мора да ја сврти страницата на декадата на војни.
„Ќе продолжиме да се ослободуваме од застарените ситеми од Студенета војна за да можеме да инвестираме во капацитети што ќе ни требаат во иднина, вклучувајќи разузнавање, контратероризам, одбрана од оружје за масовно уништување“, изјави Обама, кој стави јасно до знаење дека Пентагон веќе нема да биде исклучок од владиното стегање на ременот.
Во новата стратегија не се прецизирани кои програми ќе бидат погодени со кратењето кое во нарединте 10 години треба да изнесува околу 450 милијради долари. Тоа е најголемата редукција од крајот на Студената војна.
Деталите се очекуваат во идниот месец кога Белата Куќа го објавува предлог буџетот за 2013 година.
Секретарот за одбрана Леон Панета, кој го предружуваше претседателот Обама во Пентагон, изјави дека нема сите да бидат среќни од новите мерки.
„Заштедите мора да бидат постигнати на балансиран начин, каде се ќе биде на маса, вклучувајќи ги и политички чуветвителните сфери што ќе ги испровоцираат опозицијата во Конгресот, воената индустрија и лоби групите. Тоа е природно во донесувањето тешки одлуки.“
Новата стратегија на Пентагон предвидува зголемување на американското воено присуство во азиско пацифичкиот регион, каде што растат кинеските воени капацитети.
Тоа беше на извесен начин најавено откако во минатиот ноември Обама ги обелодени плановите за стационирање контингент маринци во северна Австралија.
„Ќе го јакнеме нашето присуство во азиско пацифичкиот регион, и буџетските рестрикции нема да се однесуваат на ова подрачје. Ќе продолжиме да инвестираме и во важните партнерства и сојузништва, вклучувајќи го НАТО кој со текот на времето, а последен пат и во Либија, покажа дека е повеќекратна сила. Ќе бидеме будни, особено на Блискиот Исток.“
На крајот Обама во Пентагон даде јасен сигнал дека и покрај штедењето американската војска ќе остане најсилна на светот. Американскиот воен буџет, како што забележа, ќе продолжи да биде поголем од буџетите на другите 10 земји заедно кои трошат најмногу за одбраната во светот.

Ќе го јакнеме нашето присуство во азиско пацифичкиот регион, и буџетските рестрикции нема да се однесуваат на ова подрачје. Ќе продолжиме да инвестираме и во важните партнерства и сојузништва, вклучувајќи го НАТО кој со текот на времето, а последен пат и во Либија, покажа дека е повеќекратна сила.Барак Обама, претседтел на САД
Со американските сили надвор од Ирак и наскоро надвор од Авганистан, Обама додаде дека Пентагон мора да ја сврти страницата на декадата на војни.
„Ќе продолжиме да се ослободуваме од застарените ситеми од Студенета војна за да можеме да инвестираме во капацитети што ќе ни требаат во иднина, вклучувајќи разузнавање, контратероризам, одбрана од оружје за масовно уништување“, изјави Обама, кој стави јасно до знаење дека Пентагон веќе нема да биде исклучок од владиното стегање на ременот.
Во новата стратегија не се прецизирани кои програми ќе бидат погодени со кратењето кое во нарединте 10 години треба да изнесува околу 450 милијради долари. Тоа е најголемата редукција од крајот на Студената војна.
Деталите се очекуваат во идниот месец кога Белата Куќа го објавува предлог буџетот за 2013 година.
Секретарот за одбрана Леон Панета, кој го предружуваше претседателот Обама во Пентагон, изјави дека нема сите да бидат среќни од новите мерки.
„Заштедите мора да бидат постигнати на балансиран начин, каде се ќе биде на маса, вклучувајќи ги и политички чуветвителните сфери што ќе ги испровоцираат опозицијата во Конгресот, воената индустрија и лоби групите. Тоа е природно во донесувањето тешки одлуки.“
Новата стратегија на Пентагон предвидува зголемување на американското воено присуство во азиско пацифичкиот регион, каде што растат кинеските воени капацитети.
Американскиот воен буџет ќе остане да биде поголем од буџетите на другите 10 земји заедно кои трошат најмногу за одбраната во светот.