Портпароли кои немаат што да кажат

Илустрација.

Во последно време стана модерна праксата портпаролите да одговараат само на смс пораки. И пратениците понекогаш се тешко достапни да одговорат и на техничко прашање.
Иако добивањето информации треба да биде загарантирано со законот за пристап до информации, не сите македонски институции се транспарентни кога од нив ќе се побара одговор на одредено прашање поврзано со нивната работа. На пример, во последно време стана модерна праксата портпаролите да одговараат само на смс пораки.
Дури и кога се нема одговор треба да се биди искрен и да се каже-немам одговор, или пак и немам коментар е доволен одговор за некое прашање, меѓутоа доколку не работи телефонот, доколку не работи имејлот, доколку не постои начин да се воспостави контакт со новинарите тогаш и нема ни причина да постои самата функција портпарол.
Ивица Боцевски, поранешен портпарол на Влада.

Кога новинарот не може да го добие истиот на телефон, не му преостанува ништо друго освен нашироко да му објаснува на човекот задолжен за односи со јавноста што сака да праша. Покрај тоа што ќе си платите за пратената порака или пораки, не секогаш ќе добиете одговор на истите. Дури и пратениците кои се избрани од народот за да им служат на интересите на граѓаните, почнаа да се допишуваат со пораки или, пак, да се јавуваат само тогаш кога ним им одговара.

Сепак, може ли самиот портпарол да придонесе за поголема транспарентност на институцијата што ја претставува? Поранешниот портпарол на Владата, Ивица Боцевски вели дека никогаш не го исклучил мобилниот телефон за новинарите. Понекогаш, се присетува Боцевски, и немам коментар е подобро отколку

Ивица Боцевски

исклучен телефон.

„Дури и кога се нема одговор треба да се биди искрен и да се каже - немам одговор, или, пак, и немам коментар е доволен одговор за некое прашање, меѓутоа доколку не работи телефонот, доколку не работи е-маилот, доколку не постои начин да се воспостави контакт со новинарите тогаш и нема ни причина да постои самата функција
Не значи по дифолт дека тие кријат некои инфомации, се разбира таа можност секогаш постои, но мислам дека делумно е израз на несоодветна комуникациска стратегија на самата институција, пред се нели односот со медиумите и новинарите отколку некое нетранспарентно работење.
Марко Трошановски, комуниколог.
портпарол.“

Иако, признава дека за транспарентноста на институцијата голема улога играат и способностите на портпаролот, Иво Котевски од МВР вели дека е поважна системската поставеност на работите.

„Се разбира дека се случува понекогаш да немаме соодветен одговор, но и не може да се очекуваа барем за тоа имаме разбирање од колегите дека во секој момент мора се да се одговори.“

Според комуниколозите, улогата на портпаролите е исклучително важна. Не мора да значи дека институцијата крие одредени информации од јавноста ако е позатворена за медиумите, вели комуникологот Марко Трошановски. Тоа не е ниту дел од некаква комуникациска стратегија, туку најверојатно одраз на неодговорниот пристап на портпаролот.

„Не значи по дифолт дека тие кријат некои инфомации, се разбира таа можност секогаш постои, но мислам дека делумно е израз на несоодветна комуникациска стратегија на самата институција, пред се нели односот со медиумите и новинарите отколку некое нетранспарентно работење.“

Според упатените во оваа област, земјава треба да ги примени искуствата од развиените демократски земји каде што јавните информации се однапред достапни за сите.

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер деновиве соопшти дека причина за затвореноста на институциите е немањето лица задолжени за посредување со информации од јавен карактер, но и непознавањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Според комисијата, Владата и Министерството за внатрешни работи биле најтранспарентни во однос на доставувањето на информации од јавен карактер, а јавните претпријатија, судовите, училиштата и универзитетите најмолчаливи за истите информации во 2011 година.