Во Ајова се избира републикански кандидат за претседателските избори

Мит Ромни

Во сојузната држава Ајова се одржа избор на републиканскиот кандидат кој ќе му се спротистави на актуелниот американски претседател Барак Обама на претстојните претседателски избори. Илјадници луѓе се собраа во цркви, училишта и други јавни установи каде гласаа за еден од седуммина предложени кандидати. Анкетите покажуваат дека главната битка за гласови ја водат Мит Ромни, поранешен гувернер на Масечусес и Рон Паул, американски конгресмен од Тексас. Пребројувањето на гласовите за сега покажува дека двајцата кандидати освоиле околу 25 проценти од гласовите. Претседателските избори во САД се закажани во Ноември.