Соединетите американски држави изразија подготвеност за подршка на напорите за мир во Авганистан преку постигнување на договор со Талибанците. Постои можност за отворање на талибанска политичка канцеларија во Катар. Портпаролот на американскиот Стејт департмент Викторија Нуланд рече дека САД ќе подржат договор кој би довел до крај на војната во Авганистан по пат на преговори.