Албанскиот претседател Бамир Топи упати телеграма со искрено сочувство по повод смртта на првиот македонски претседател Киро Глигоров.
„Со жалење ја примив веста за смртта на поранешниот претседател Киро Глигоров. Во име на албанскиот народ и во мое лично име изразувам длабоко и искрено сочувство за големата загуба на неговата фамилија и на целиот македонски народ. Во оваа прилика, ја искажувам мојата почит за значајната улога и придонес на Глигоров во политичкиот и општествениот живот во Македонија, како прв претседател на вашата земја по распадот на Југославија“, се вели во телеграмата на Топи.