Претставниците на Европската унија, Кетрин Ештон и Штефан Филе, денеска изразија соочувство до семејството и до граѓаните на Македонија по повод смртта на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.
„Глигоров како претседател од 1991 до 1999 година ја водеше својата земја низ транзицијата, вклучително и мирното постигнување на независност од Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Водејќи ја земјата на нов пат, носеше важни одлуки за доброто на народот, засновани на неговото богато искуство и познавањето на својата земја“, се истакнува во заедничкото соопштение на Ештон и на Филе.