Замолкната јавност

Илустрација.

Граѓаните се плашат јавно да зборуваат. Замолкнуваат и интелектуалците, новинарите се самоцензурираат, кој од страв да не го изгуби работното место, кој од страв да не добие казна за клевета или да не биде уапсен.
Слободното изразување на мислењето е загарантирано со Устав, но се почести се примерите кога во пракса се применува поговорката - молчењето е злато.

Немој да ме снимаш, не смеам да дадам изјава.
Анкетиран граѓанин.
„Не, не можам тука да зборувам, има луѓе, одете кај други.“

„Не можам ништо да кажам, малку сум уплашен.“

„Не смееме да зборуваме.“

„Немој да ме снимаш, не смеам да дадам изјава.“

Ова се почесто се случува кога од

Затворена уста

граѓаните се обидуваме да добиеме мислење за некоја важна општествена тема.

Невладината АГТИС секоја година прави истражуваатувања за тоа колку стравот од јавно искажување на мислењето е присутен кај граѓаните. Според истражувањето, 50 проценти сметаат дека јавното и
Карикатурата е апсолутно истиснувана, систематски истиснувана од весниците, иако да речеме тоа не е светски тренд. Тоа е доказ дека некој ги истиснува дури рубриките жанровски кои се многу критички, знаат да бидат критички, да боцкаат.
Љубомир Костовски, Глобус.
слободно изразување против власта може да има некакви последици по работно место, а 70 проценти сметаат дека задолжително ќе имаат некакви последици.

Многумина од оние кои јавно го кренале гласот против власта биле деградирани, или народски кажано, му ги извадиле валканите работи на виделина. Веднаш тој човек станал сдсмовец, платеник, соросоид, соработник со тајни служби, шпион или му биле додадени некои слични епитети.

Стравот е исконски поврзан со

Меѓународните организации загрижени за слободата на говор во земјата, вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи со претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ, во Скопје.

Македонецот. Со векови тој одбирал да биде послушен, рамнодушен и да се владее по народната наведната глава сабја не ја сече, велат социолозите.

Последниве години имаше неколку обиди за протести кои завршија неславно. Односно, секој обид да се соберат група граѓани да го искажат своето незадоволство завршуваше со неуспешен протест или на протестите се реагираше со контрапротест.

Демонстрантите од Плоштад слобода добија и по некој удар. Стечајците беа сопирани на
Тоа се толкува во смисла дека со критичкиот став и одмагам на Македонија во процесите за евроинтеграција и асоцијација, значи замолкнување на јавноста, на јавниот дискурс генерално, стручните расправи за важни општествени теми во никој случај не може да биде во корист на Македонија, тоа е самозалажување.
Гордан Калајџиев, Хелсиншки комитет.
автопат и им беа правени рации само за да не стигнат до Скопје. Млекарите апсени, тутунарите заплашувани. А ако не се успееше со тоа протестот да се одложи веднаш, тој добиваше предзнак дека е опозициски организиран. За стравот од штрајкови, јунаците од К-15 имаат соломонско решение. Тие предлагаат пред Собранието да се изгради споменик на луѓе што протестираат за да не мора луѓето по ладното да доаѓаат и да си ги бараат своите права пред Парламентот.

Ништо подобра не е состојбата со медиумите и новинарите. По се она што се случуваше минатата година со затварањето на неколку медиуми, драконските казни за клевета кои достигнуваат и до неколку илјади евра, новинарите се свртуваат кон самоцензура. Секој обид за критика полека исчезнува, вели новинарот Љубомир Костовски, од магазинот Глобус. Тој правел анализа на тоа колку е присутна, односно неприсутна карикатурата во весниците, како новинарски жанр.

„Карикатурата е апсолутно истиснувана, систематски истиснувана од весниците, иако да речеме тоа не е светски тренд. Тоа е доказ дека некој ги истиснува дури рубриките жанровски кои се многу критички, знаат да бидат критички, да боцкаат.“

Слободата на изразување не е само прашање на медиумите , туку и на целото општество, а отсуството на тоа има последници врз демократијата, вели претседателто на Хелсиншкиот комитет Гордан Калајџиев. За многу важни прашања не се води јавна дебата, интелектуалците молчат. И јас лично сум бил нападнат во случаи кога сум имал критички став, вели Калајџиев.

„Тоа се толкува во смисла дека со критичкиот став и одмагам на Македонија во процесите за евроинтеграција и асоцијација, значи замолкнување на јавноста, на јавниот дискурс генерално, стручните расправи за важни општествени теми во никој случај не може да биде во корист на Македонија, тоа е самозалажување.“

Власта врши притисок на сите нивоа, па од тука произлегува и стравот кај луѓето, вели Калајџиев.

И меѓународните организаци во своите извештаи нотираа дека опаѓа слободата на изразување во земјата.