Премиерот Никола Груевски од името на Владата и од негово лично име, денеска упати писмо со сочувство до семејството на поранешниот претседател Киро Глигоров, кој почина синоќа.
„Со жалење ја примив веста за смртта на Вашиот близок, и прв претседател на Република Македонија, г-дин Киро Глигоров“, се вели во писмото.
Во овие тажни мигови за Вашето семејството, пишува премиерот Груевски, од име на Владата на Република Македонија и од свое лично име, споделувајќи ја Вашата болка и загуба, сакам да Ви ги пренесам изразите на искрено сочувство.
„Киро Глигоров, како учесник во Народноослободителната и Антифашистичка борба и секретар на иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ а подоцна и член на Президиумот на АСНОМ, и како прв претседател на самостојната и независна држава, ќе остане запаметен како човек и политичар кој имал сериозни заслуги и придонеси во ослободувањето, создавањето, меѓународната етаблираност и развојот на Република Македонија. Неговите дела ќе останат запишани во македонската историја и во колективната меморија на нашиот народ и граѓаните на Република Македонија.
Нека му е вечна слава!“, се наведува во писмото со сочувство од премиерот Никола Груевски до семејството на Глигоров.