Секогаш нудеше оптимални решенија, велат политичарите од Балканот кои соработуваа со Глигоров.
Првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров уживаше висок рејтинг на бившите југословенски простори како политичар кој се залагаше за мирно решение на кризата во деведесетите години.
Киро Глигоров беше политичар, државник, анти-фашист и пред се голем човек кој работеше за доброто на сите граѓани. Тој не ги затвораше очите пред најтешките одлуки во 90-тите години, ќе рече Богиќ Богичевиќ, неговиот босански колега од некогашната југословенска федерација.
„Тој секогаш беше за компромис и нудеше компромис и оптимални конструктивни решенија. Неговото огромно искуство и државничката мудрост се заслужни што единствено Македонија од сите екс ју републики не беше вовлечена во војната. Верувам дека граѓаните на Македонија ке знаат да го ценат таквиот став на Киро Глигоров. Се сеќавам дека нетолеранцијата и насилството како и национализмот кој произведуваше омраза го доведуваше до очај Киро Глигоров“, изјави Богичевиќ за РСЕ во Сарево.
Раиф Диздаревиќ, пак, се потсетува на Киро Глигоров и тогашниот босански претседател Алија Изетбеговиќ односно на нивниот план за мирна разрешница на кризата во тогашна Југославија кој наречен Глигоров – Изетбеговиќ, кој не успеа поради тоа што, како што вели Диздаревиќ, беше доцна.
„Киро Глигоров беше државник, политичар. Киро беше политичар, еден од најистакнатите државници од редовите на македонскиот народ во Југославија. И негова огромна заслуга е што Македонија успеа мирно да го преброди распадот на Југославија на мирен начин и во тој период тој настојуваше да се сочува некој вид на заедништво во Југославија да се преобрази од атипичен федеретивен систем во Конфедерација за да се сочува тоа што бее заеднички интереси но за жал беше доцна и не се успеа.
Последен пат се видовме во Сареаво пред две три години кога му беше доделена наградата на Меѓународната лига на хуманистите. Долго разговаравме и тој стравуваше за некои појави во Македонија, посебно за изразито тесно националистичкиот пристап во врска со прашањата кои се однесуваа на внатрешните односи во Македонија и за меѓународната позиција. Стравуваше од застранување од утврдениот пат на Македонија.“
Веста за смрта на првиот претседател на независна Македонија Киро Глигоров го обиколи и Балканот, а ја објавија сите светски новински агенции кои се осврнаа на неговата улога на умерен политичар кој се залагаше за решавање на кризатата во бивша Југославија на мирен пат, како и на компромисот со Грција по што Македонија беше примена како членка на Обединетите нации.
Телеграми со сочуство до кабинетот на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов испрати и бившиот претседатрел на Хрватска Стипе Месиќ. Смрта на Глигоров, се вели во телеграмата, е загуба не само за македонскиот народ туку и за целиот регион.
Тој секогаш беше за компромис и нудеше оптимални конструктивни решенија. Неговото огромно искуство и државничката мудрост се заслужни што единствено Македонија од сите екс ју републики не беше вовлечена во војната.Богиќ Богиќевиќ.
„Тој секогаш беше за компромис и нудеше компромис и оптимални конструктивни решенија. Неговото огромно искуство и државничката мудрост се заслужни што единствено Македонија од сите екс ју републики не беше вовлечена во војната. Верувам дека граѓаните на Македонија ке знаат да го ценат таквиот став на Киро Глигоров. Се сеќавам дека нетолеранцијата и насилството како и национализмот кој произведуваше омраза го доведуваше до очај Киро Глигоров“, изјави Богичевиќ за РСЕ во Сарево.
Раиф Диздаревиќ, пак, се потсетува на Киро Глигоров и тогашниот босански претседател Алија Изетбеговиќ односно на нивниот план за мирна разрешница на кризата во тогашна Југославија кој наречен Глигоров – Изетбеговиќ, кој не успеа поради тоа што, како што вели Диздаревиќ, беше доцна.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Долго разговаравме и тој стравуваше од некои појави во Македонија посебно од изразито националистичкиот пристап кон внатрешните односи и меѓународната позиција.Раиф Диздаревиќ.