Вјекослав Беванда - кандидат за премиер на Босна и Херцеговина

Вјекослав Беванда.

Вјекослав Беванда е кандидат за иден премиер на федералната влада на Босна и Херцеговина. Партијата ХДЗ БиХ денеска ќе ја поднесе неговата кандидатура во босанското претседателство.

Во последните четири години Беванда беше министер за финансии на хрватско-муслиманската Федерација. Тогаш тој беше именуван како независен претставник, но подоцна се вклучи во ХДЗ БиХ. Дотогаш работел во банкарскиот сектор и се смета за голем експерт во областа на финансиите.

Лидерите на трите главни заедници во Босна (Срби, Хрвати и муслимани) вчера постигнаа договор за состав на федералната влада, ставајќи и на тој начин крај на 14-месечната политичка криза. Шесте главни политички сили одлучија ХДЗ БиХ да ја добие премиерската функција.

Европската унија го поздрави договорот за формирање на централна влада во Босна и Херцеговина и побара итно да бидат спроведени реформи за забрзување на евроинтегративнит процес на оваа земја.