Македонски полицајци на Европското првенство во ракомент во Србија

Архивска фотографија: Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ и неговата колешка Гордана Јанкулоска на прес-конференција во Скопје.

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Гордана Јанкулоска и Ивица Дачиќ, денеска во Ниш потпишаа Протокол за соработка меѓу двете министерства во областа на безбедноста, по повод претстојното Европско првенство во ракомет, што ќе се одржи во Србија во 2012 година.

Протоколот ја регулира целокупната соработка и однесувањето на полициските службеници кои за овој настан од Македонија ќе бидат присутни во Ниш, односно во Србија.

Натпреварите од групата во која настапува македонската ракомента репрезентација ќе се играат во Ниш. Се очекува таму да присуствуваат повеќе илјади македонски навивачи.