Севернокорејската државна телевизија објави видео за посетата на јужнокорејска цивилна делегација, која изразила сочувство за смртта на Ким Џонг Ил. Неговиот наследник, Ким Џонг Ун, вчера се сретнал и се ракувал со членовите на делегацијата во мавзолејот на својот татко во Пјонгјанг. Во јужнокорејската делегација била и Ли Хи Хо, вдовицата на поранешниот претседател на оваа земја Ким Дае Јунг, креаторот на ангажираната политика со Северна Кореја.