Помош за заглавениот руски брод на Антарктикот

Пристигна помошта за рускиот рибарски брод кој веќе десет дена е заглавен на Антарктикот откако удри во ајсберг. Спасувачкиот центар во Њов Зеланд потврди дека јужнокорејскиот мразокршач Араон пристигнал до заглавениот брод Спарта на 3700 километри југоисточно од Нов Зеланд. Покрај потребната помош доставена била и опрема за поправка на бродот.