Грција нема намера да се занимава со спорот за името, изјави премиерот Никола Груевски. Тој рече дека вчерашните одговори на грчкиот колега Лукас Папдемос и лидерот на Нова Демократија Андонис Самарас се најрадикалните ставови на Грција што ги имала во сопствената историја во однос на спорот со името.
Во одговорите на писмата на Груевски, што државната новинска агенција МИА ги објави вчера, Самарас пишува дека не верува оти средба меѓу двете страни би вродила со плод, а Пападимос, пак, повторува дека ако Македонија сака да напредува во евроинтеграциите, мора да се изнајде заедничко прифатливо решение за името за севкупна употреба.
Груевски вели дека ако меѓународната заедница изврши притисок врз Грција, тоа ќе биде глумење на средби, затоа што, како што рече, тој што реално и искрено сака средба ќе го направи сега без некој да го притиска.
Според него, се минираат какви било разговори со позиции што се ултрарадикални и за кои што однапред знаат дека од никого во Македонија нема да бидат прифатени, ниту од власта, ниту од опозицијата, буквално од никого.
„Прилично сум загрижен за однесувањето на Грција и ваквиот начин на однесување очигледно е со намера да не се дојде до некакви разговори“, рече премиерот Груевски.