Казната на Иранката осудена на смрт со каменување за прељуба, може да се преиначи во смрт со бесење. Властите велат дека ако провинцијата каде што е осудена Сакине Мохамади Аштани нема услови да ја изврши смртната казна со каменување според шеријатското право, тогаш казната може да се преиначи во смрт со бесење, затоа што „главна цел е егзекуцијата“.