По една недела македонскиот премиер Никола Груевски доби одговор од лидерот на грчката Нова демократија Антонис Самарас. Во писмото до Груевски е напишано дека Самарас во овој момент не верува дека состанок меѓу двете страни би вродил со придобивка.
„Највнимателниот начин да се продолжи понатаму, во овој момент, би било да се охрабри постоечката процедура на официјални разговори дефинирана во Времената спогодба од 1995 година со цел да се реши прашањето за името што е можно побргу; развој на настаните кој, сигурен сум дека ќе се согласите, би имал позитивно влијание за поширокиот регион“, е наведено во писмото.
Тој истакнува дека систематските активности на македонската влада претставуваат пречка во процедурата за изнаоѓање решение.
Самарас писмото го испратил пред три дена. Претходно Груевски на 17 овој месец побара средба со лидерот на грчката опозиција.
На Груевски му одговори и неговиот грчки колега Лукас Пападимос, кој во писмото наведува дека Грција ја поддржува ПЈРМ на нејзиниот европски пат но за да напредува потребно е да се изнајде заедничко прифатливо ерга омнес решение за името.