Илјадници жени да ги отстранат имплантите на градите

Архива

Француското министерство за здравство упати апел до десетици илјади жени да побараат отстранување на имплантите на градите направени од една француска фирма која ги извезува своите производи во странство. Министерството прецизира дека не постои зголемен канцероген ризик од имплантите, туку ова била мерка на претпазливост поради високата стапка на пукање на имплантите. Се претпоставува дека над 30 илјади французинки имале импланти од фирмата Поли Имплант Протезе. Оваа фирма до 2010 година кога и беше забрането производството, продала 300 илјади импланти во светот.