Во Прага денеска ќе биде погребан поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел. На церемонијата во црквата св. Вит ќе присустваат поранешниот полски претседател и лидер на Солидарност Лех Валенса, поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга, американскиот државен секретар Хилари Клинтон. Меѓу државниците од целиот свет ќе биде и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.
По желба на семејството Хавел ќе биде кремиран, а урната со неговите посмртни останки ќе биде поставена во семејната гробница на гробиштата Винохради во Прага.
По желба на семејството Хавел ќе биде кремиран, а урната со неговите посмртни останки ќе биде поставена во семејната гробница на гробиштата Винохради во Прага.