Љубе Бошкоски писмено јавно му се извинил на премиерот Никола Груевски за изречените клевети и за непријатностите што ги предизвикал со, како што се вели, изнесувањето невистини и навреди за време на изборната кампања за предвремените парламентарни избори годинава.
„Јавно му се извинувам на Никола Груевски за изречените клевети од моја страна, а кои се предмет на приватна тужба по која се води постапка пред Основен суд Скопје, како и за сите останати клевети и навреди кои во изминатиот период ги изреков за него, без оглед дали за тоа сум тужен или не“, стои во писменото јавно извинување.
Овие невистини, вели Бошкоски, ги изрекол врз основа на погрешни информации и податоци кои во изминатиов период му биле подметнати од определен круг на лица.
Љубе Бошковски, кој доби казна затвор од 7 години за нелегално финансирање на изборната кампања, од затвор, писмено, претходно му се извини и на Сашо Мијалков.