Денеска во Каиро ќе биде одржан состанок на Арапската лига, на кој ќе биде разгледана можноста ова тело да се обрати до Советот за безбедност на ОН, поради немирите во Сирија. Инаку, претставник на Лигата соопшти дека првата група на арапски посматрачи утре ќе допатува во Сирија, откако Дамаск деновиве прифати нивно распоредување во земјата. Оваа група ќе биде составена од посматрачи задолжени за безбедност, право и администрација, а подоцна во Сирија треба да дојдат и експерти за човекови права.