Оваа година, и покрај многу предизвици и проблеми со кои се соочивме, а многу од нив тешко предвидливи, сепак, беше успешна, оцени премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Тој рече дека владата презела чекори кои на некој начин решија голем дел од проблемите.
По традиционална годишна средба со лидерите на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“, Груевски посочи дека Македонија доби потврда на препораката за почеток на преговори со ЕУ. Тоа, според него, укажува дека реформите во најголем дел се реализирани онака како што треба.
Идната 2012 година, потенцира тој, коалицијата „За подобра Македонија“ ќе остане посветена на реализирање на ветувањата.
„Проблеми секогаш ќе има, ние ќе се справуваме со нив, се надевам поголем дел од нив ќе ги решаваме, а оние кои ќе се одложат и нема веднаш да се решат, ќе работиме за да ги реализираме во иднина“, рече Груевски.