Заедницата на независни држави одржа неформален јубилеен самит во Москва, одбележувајќи ја 20-годишнината од формирањето на ЗНД по распадот на Советскиот Сојуз. Лидерите на земјите членки на Заедницата потпишаа низа документи меѓу кои и за зајакнување на улогата на ЗНД при набљудувањето на претседателски и парламентарни избори.
Претседавачот со извршниот комитет на ЗНД, Сергеј Лебедев изјави дека „ние гледаме што се случува во текот на изборите со очи на пријател“, додека главна цел на западните набљудувачи е да најдат недостатоци. Молчат за нив пред изборите, а по изборите јавно кажуваат дека откриле повреди, рече тој.