Од 1 милијарда, за Македонија 29 милиони евра европска помош

Македонија ќе добие 29 милиони евра од претпристапната помош на ЕУ. Европската комисија соопшти дека Исланд, Турција и замјите од Западен Балкан ќе добијат речиси една милијарда евра помош. Парите се од инструментот за претпристапна помош од буџетот за 2011 година. Македонија ќе добие повисока помош само од Црна Гора и од Исланд.

Од овие пари, Турција ќе добие 233 милиони евра наменети за судски реформи и за проекти за климатски промени и екологија. Србија ќе добие 178 милиони евра, Босна и Херцеговина 91 милиони евра, Албанија 82 милиони, Косово 63 милиони, Хрватска 39 милиони, Црна Гора 26 милиони и Исланд – 12 милиони евра.

Останатите 210 милиони евра се наменети за поддршка на сите земји и за поддршка на меѓународните тела за надзор во БиХ и Косово.