Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ќе го разгледа извештајот подготвен од британскиот европратеник Ричард Ховит за напредокот на Македонија. Во извештајот, меѓу другото, како што јавува МИА, се испраќа повик за преземање натамошни чекори во процесот на европска интеграција на Македонија, особено за итно започнување на предскрининг процесот на хармонизација на законодавството и придобивките на ЕУ, како и за спроведување на втората фаза на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Извештајот на Ричард Ховит е првична верзија, за која ќе треба да расправа Комисијата за надворешни работи на ЕП, в понеделник, по што е можно да се очекуваат и негови промени пред да се најде на Пленарна сесија.