Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре ќе ги посети европските институции во Брисел во функција на продолжувањето на европската и евро-атлантската интеграција на Македонија, соопштуваат од неговиот кабинет.
За време на престојот во Брисел, министерот Попоски ќе настапи и во Центарот за европски политики при што ќе зборува за интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО во контекст на неодамна објавената пресуда од страна на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.