Македонците во Косово формираат политичка партија

Косовскиот парламент.

Македонците во Косово ја почнале постапката за регистрирање политичка партија - Демократска партија на Македонците во Косово, како и за признавање на Македонците од областа Гора, информира претседателот на Здружението на Македонци со муслиманска вероисповед, Исамил Бојда. Тој истакна дека не очекуваат проблеми за признавањето на македонското малцинство во Косово, бидејќи, како што рече, признати се Хрватите со 400 и Црногорците со околу 550 лица и како малцинства имаат полтички партии.