Македонскиот претседател Ѓорге Иванов по денешната средба во Скопје со српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека дополнителните услови во евроинтеграциите не ја обесхрабруваат Македонија да продолжи со сите потребни реформи. „Целта ни е да создадеме Европа внатре во државата,, изјави Иванов. Српскиот претседател Тадиќ, наведувајќи дека суштината на евроинтеграциите се внатрешните реформи потенцира дека Србија и Македонија имаат иднина во Европската унија. Во однос на црковниот спорот, двајцата претседатели сметаат дека проблемите треба да ги решаваат црквите и оти ова прашање не е дел од меѓудржавните односи.