Новите измени во законот даваат можност за конфискација на имот на граѓаните и дозволуваат легализација на корупцијата во градежниот сектор, смета опозицијата.
Новите измени во законот даваат можност за конфискација на имот на граѓаните и дозволуваат легализација на корупцијата во градежниот сектор, смета опозицијата. Пратеничката од СДСМ Билјана Казанџиска вели дека честите измени во законот ја покажуваат неспособноста на Министертвото за транспорт и врски да создаде квалитетен закон.
„Честите измени, сите косења на членовите во зaконот еден со друг или објаснувањето што го дадоа дека станува збор за техничка грешка, очигледно да не беше случајот „Космос“ немаше ни сега да увидат дека станува збор за техничка грешка. Знаеме дека веднaш до „Космос“ се гради и друг објект кој е на блиски роднини на министерот Јанакиески и тоа остава простор за сомнеж дека се работи за корупција и поддржување на градежната мафија во Република Македонија.“
Таа додава дека во законот има многу пропусти, меѓу кои и новиот член во законот во кој се вели дека сопствeник на одредена градба ќе го изгуби правото на сопственост и на земјиштето доколку градбата се урне или се отстрани.
„Затоа и беа нашите реакции дека со овој член се врши упад и во Уставот на Република Македонија. Ние ќе реaгираме и во второто понатамошно читање на законот. За да биде контроверзноста уште поголема, тие веќе пуштија закон за градба поднесен од група пратеници кој во меѓувреме во овој период исчезна од Собранието, го нема на второ читање.“
Пратеникот на ДПА Газменд Алиу бара да се повлече предлог законот и да се прецизираат термините и членовите во него, за да не се дозволи различно толкување на законот со што во одредени ситуации ќе може да им се конфискува имотот на граѓаните.
„Па тука се сомневаме дека доаѓа до израз конфискување на имоти како во времето на комунизмот и едноумието и тука немаат допрецизирано. Ние тој дел баравме да се допрецизира, се е нејасно напишано, не знам кој го направил таков законот, многу неприфатлив околу текстот, значи текстот е за никаде. “
За забелешките на опозицијата, владејачката партија ДУИ не сака да коментира затоа што, како што вели, нивните забелшки се само формални, а не суштински.
„Самиот пратеник е нејасен во која смисла е нејаснотијата на законот, односно забелешката, и јас не можам да дадам коментар на таков нејасен став. Е сега што е во спротивно со Уставот треба да се каже, ако е во спротивност со Уставот е со таа одредба, а ако е во спротивност со друга одредба треба да се каже со која за да можеме да споредиме па да се каже конкретно дали е во право или не е“, вели координаторот на пратеничката група на ДПА, Талат Џафери.
Во изминатава година законот за градба доживеа најмалку 4 измени и дополнувања. Пред две години слични измени со кои се предвидуваше право на државата да одземе објект и земјиштето под него доколку се констатира дека објектот бил граден без дозвола за градба паднаа на Уставен суд. Членовите беа укинати со образложение дека сопственоста над земјиштето е уставно загарантирано право на секој граѓанин.
Ние ќе реагираме и во второто понатамошно читање на законот. За да биде контроверзноста уште поголема, тие веќе пуштија Закон за градба поднесен од група пратеници кој во меѓувреме во овој период исчезна од Собранието, го нема на второ читање.Билјана Казанџиска, СДСМ.
„Честите измени, сите косења на членовите во зaконот еден со друг или објаснувањето што го дадоа дека станува збор за техничка грешка, очигледно да не беше случајот „Космос“ немаше ни сега да увидат дека станува збор за техничка грешка. Знаеме дека веднaш до „Космос“ се гради и друг објект кој е на блиски роднини на министерот Јанакиески и тоа остава простор за сомнеж дека се работи за корупција и поддржување на градежната мафија во Република Македонија.“
Таа додава дека во законот има многу пропусти, меѓу кои и новиот член во законот во кој се вели дека сопствeник на одредена градба ќе го изгуби правото на сопственост и на земјиштето доколку градбата се урне или се отстрани.
„Затоа и беа нашите реакции дека со овој член се врши упад и во Уставот на Република Македонија. Ние ќе реaгираме и во второто понатамошно читање на законот. За да биде контроверзноста уште поголема, тие веќе пуштија закон за градба поднесен од група пратеници кој во меѓувреме во овој период исчезна од Собранието, го нема на второ читање.“
Па тука се сомневаме дека доаѓа до израз конфискување на имоти како во времето на комунизмот и едноумието и тука немаат допрецизирано.Газменд Алиу, ДПА.