Медо не е човек на ДПМНЕ, Медо си е човек на мајка му, професорката на Правниот факултет Родна Живковска... Чекај малку, дали е можно синчето да биде претседател на СПУКМ, а мајката професор, пишува за Радио Слободна Европа, Дарко Давитковски од СДСМ.
Пред повеќе од две години на релативно мирните студентски избори Иван Живковски Медо беше избран за лидер на студентите на најголемиот државен универзитет. Замислете изборите поминаа мирно затоа што двајцата предложени кандидати се збореше дека биле поддржувачи на десничарските идеи.
И нормално на првото обвинување дека е партиски човек, си излезе Медо и кажа не е тачно. Е не е точно, Медо не е човек на ДПМНЕ, Медо си е човек на мајка му, професорката на Правниот факултет Родна Живковска... Чекај малку, дали е можно синчето да биде претседател на СПУКМ, а мајката професор? Дали е можно синчето да биде избрано да ги штити интересите на студентите кои не ретко се загрозувани токму од страната на која се наоѓа неговата мајка? Како што видовме, со ваква власт во државата и тоа е можно.
Да биде уште пострашно Родна си доаѓа на предавање со шолја за кафе на која си стои амблемот на ВМРО ДПМНЕ. Сосема не партиско, како подарок или најверојатно баш таа шолја има најдобра дршка за на предавање. И уште тогаш се зборуваше демек нема да ја направат претседател на Врховен, па ајде како утешна награда Медо нека биде претседател. Е ај нека биде, ама што бидна од него?
Биле и пред него студентски лидери и се бореле за правата на студентите ама ваква борба како што видовме во последниве години ми наликува на Монти Пајтон Циркуз.
И претходно беше ветувано дека нема да има искршени прозори, прокиснати ѕидови и тавани, дека ќе добијат топла вода за да може да се избањаат како луге, ветуваа дека ќе има подобра храна во мензите и слично, но студентот во оваа држава како никогаш претходно не бил вака замолчен. Да не зборуваме за условите за живот на студентите, тие се олицетворение на степенот на развој на оваа држава или уште пострашно условите за живот се еднакви на степенот на развој на разумот на политичарите од власта во државата. Како може да се потрошат а 250 милиони евра на споменици а студентите да живеат како што живееле пред 30 години? Секаде во светот домовите преставуваат места за живеење каде идниот кадровски потенцијал на државата ги поминува најубавите денови, ги запознава идните соработници, поминува време кое ќе го памти цел живот. И нашите студенти ќе памтат ама што да запамтат?
Лошо е кога во 21-ви век зборуваме дека студентите треба да се кренат на протест за условите за живот, наместо да се кренат на протест за да ја променат власта, а камо ли да ги подржат движењата во светот како окупирај го Волстрит. Не е ни чудно што ни се случува токму ова. Наместо да ги дигне на протест за општествените и политички случувања го памтам Медо кога излезе да даде изјава дека го повикува Бранко да излезе на избори, наводно студентите не можеле да живеат веќе во страв и тензии и мора да се реши оваа ситуација зошто нели Медо се грижел за подобар живот на сите студенти.
„Ќути среќа”, што би рекол нашиот народ, јас мислев дека ќе ги повика и да гласаат за ВМРО ДПМНЕ за подобар живот за студентите (читај за него лично).
Повторно се истакна кога излезе на телевизија и спротивстави на барањето на СДСМ за укинување на дисперзираните студии (такво барање не ни имало), оценувајќи дека секој има право на студирање, а на прашањето за факултетите со помалку од 10 студенти одговара дека нема такви случаи, ама за жал нема само во неговата глава.
Искрено не ми смета што е политички определен. И јас сум, а и право на секој човек е да биде или не. Ама на таа функција која што ја носи треба да го преставува студентското движење, а не да глуми голем политичар, а уште помалку да ја поддржува власта.
Иронијата да биде поголема тој најверојатно верува во тоа дека е многу успешен и заради тоа и си додели грејс период од неколку месеци на неговиот мандат иако требаше оваа година да има избори за нов претседател на СПУКМ.
Е Медо, Медо, после сѐ студентите можат да ти порачаат само едно - разбуди се од зимскиот сон и оди си!
Дарко Давитковски - Претседател на Социјал-демократската младина на Македонија.