2011: Светот низ фотографии

Птици надлетуваат православна црква за време на делумно затемнување на Сонцето, во градот Воложин, Белорусија, на 4 јануари.


Полицијата ги прска демонстраторите со водени топови во текот на студентските протести против исламистичката влада во Анкара, на 5 јануари.

Војници на Авганистанската Национална Армија седат на земја во тренинг центарот во Кабул, на 11 јануари, во текот на посетата на американскиот потпретседател, Џо Бајден

Американскиот претседател, Барак Обама, се прегрнува со шатл командантот на НАСА, Марк Кели, сопруг на американската конгресменка, Габриела Гифорд, откако Гифорд беше сериозно повредена во престрелка, во Туксон, Аризона, во којашто загинаа шест лица.

Протестантите и возвраќаат со солзавец на полицијата во текот на демонстрациите во Тунис, на 18 јануари, наскоро по протерувањето на долгогодишниот претседател, Зин Ел Абидин Бен Али во првиот бран од востанието, познато како Арапска пролет.

Жена којашто плаче додека зборува со некого на телефон на московскиот аеродорм Домодедово по веста за самоубиствениот бомбашки напад, што се случи на 24 јануари, во којшто загинаа 31 лице а беа повредени повеќе од 130.

Опозицијата го поддржува бранот на розите во текот на антивладиниот протест во Сана, Јемен, на 26 јануари, откако Арапската пролет зема замав. По едномесечната операција против протестантите, претседателот Али Абдула Салех на крајот се повлече.

Великиот муфтија на БиХ, Мустафа Цериќ во посета на нацистичкиот логор Аушвиц Биркенау во Полска. Претставници на Муслиманите им се придружија на Евреите и на Христијаните во Аушвиц, на 1 февруари како гест на солидарност.

Антивладин протестант вее окрвавено египетско знаме на плоштадот Тахрир, на 4 февруари.

Демонстрантите слават на плоштадот Тахрир, по објавата дека египетскиот претседател, Хосни Мубарак се повлекол, на 11 февруари. Околу 2 милиони луѓе учествуваа на демонстрациите кои што го протераа Мубарак од речиси тридецениската власт.

Демонстранти фрлаат камења кон полицијата во текот на антивладините протести во Техеран, што се одржуваа на 14 февруари,  во знак на поддршка на Арапската пролет во соседните земји.

Демонстранти бараат засолниште откakо полицијата фрли солзавец во селотот Дираз во Бахраин, на 14 февруари. Барањата за зголемување на политичките слободи во Бахраин беа пресретнати со насилни мерки.

Етнички Албанец носи американско знаме на патот по кој се наредени албански знамиња во гратчето Качаник, на Косово, на 16 февруари, еден ден пред прославата на третата годишнина од прогласувањето на независноста на Косово од Србија.

Луѓето во Лвов, Украина, му посветуваат малку внимание на живиот ТВ пренос на 25 февруари,  по повод првата годишнина од стапувањето на функцијата на претседателот Виктор Јанукович.

Специјалците чекаат подготвено во текот на протестот на „Денот на гневот“ во Багдад, којшто се одржа на 25 февруари против корупцијата и недостигот на основни добра. 

Американскиот потпретседател, Џо Бајден, се поздравува со луѓе, во главниот град на Молдавија, Кишињев, на 11 март. Бајден е највисокиот американски претставник што до сега ја посетил Молдавија, која што е најсиромашна европска држава.

Пожарот на куќите во Натори, североисточна Јапонија, којшто изби по силниот земјотрес, кој предизвика и цунами, на 11 март.

Жена којашто плаче во разурнатиот град Натори, Јапонија, два дена откако земјотресот и цунамито предизвикаа 23 000 жртви и исчезнати.

Активисти на опозицијата во Москва носат фотографии на премиерот Владимир Путин, либискиот лидер, Моамер Гадафи и белорускиот претседател, Александар Лукашенко со текст „Следниот во низата“, на 13 март.

Студентки носат шамии на настава во Државниот институт за нафта, Грозни, во Чеченија. Чеченскиот претседател, Рамзан Кадиров донесе уредба за воведување на исламски кодекс на облекување за жените во јавниот живот.

Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев го бакнува националнотот знаме за време на инаугурацијата во Астана, на 8 април.

Детска гас маска и чевличка најдени во напуштениот град Припиат , во близина на Чернобил, кусо време пред Украина, Русија и Белорусија , да ја одбележат 25 годишнината од најстрашната нуклеарна катастрофа во светот, на 26 април.

A child'

Француска муслиманка по потекло од Северна Африка носи никаб на железничката станица Гар де Лион, во Париз, и покрај новата француска забрана за носење на превез преку целото лице.

Полицијата апси девојче коешто извикува „слобода“ во текот на протестот на опозицијата во Баку на 17 април. Девојчето и неговата мајка беа заеднички одвезени во полициско возило.


Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга, Катерина, војвотката од Кембриџ, патуваат кон Бекингемската палата по нивната свадбена церемонија во Вестминстер во Лондон, на 29 април.

Американскиот претседател Барак Обама, потпретседателот Џо Бајден, државниот секретар, Хилари Клинтон, и членовите на советот за безбедност на Обама добиваат најнови информации околу опрерацијата против Осама Бин Ладен во собата за надзор на Белата куќа.

Рекации по повод веста за смртта на Осама бин Ладен на Тајмс Сквер во Њујорк на 2 мај, 2011. Лидерот на Ал-Каида беше убиен во акција на американските сили во Аботабат, Пакистан.

Руски активисти за животна средина во судир со безбедносните сили во обид да ги спречат екипите да сечат делови од шумата Кимки во близина на Москва, на 5 мај.

Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров се шегува со фудбалската легенда Диего Марадона за време на церемонијалниот фудбалски натпревар на отварањето на стадионот Ахмед Хаџи Кадиров во Грозни, Чеченија.

Демонстрант бега од грчките специјалци за време на протестот во Атина на 11 мај. Илјадници излегоа на улица на генерален штрајк кој што ја блокираше земјата како протест против владините мерки за штедење. 


Азеребејџанските поп пејачи Ели и Ники слават по победата на финалето на Евросонг, во Дизелдорф, Германија, на 14 мај.  

Шефот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Доминик Шторс Кан се појавува во судот на Менхетн, на 16 мај,  за да се соочи со обвинението за сексуален напад врз собарка во хотел. 

Шефот на извршниот одбор, Аркади Волоз слави откако Јандекс, најголемата интернет компанија, е ставена на Насдак берзата на 24 мај.

Демонстрации во Белград во знак на поддршка на обвинетиот за воени злосторства, Ратко Младиќ, со негова фотографија на знаме, откако се слушна веста за неговото апсење, на 26 мај, во српското село Лазарево, по 16 години бегство.

Грузискиот претседател, Михаил Саакашвили ја пречекува американската актерка, Шерон Стоун, во претседателската палата во Тбилиси, на 6 јуни. Стоун дојде да го промовира филмот „Пет дена војна“ за конфликтот меѓу Русија и Грузија во 2008.

Православен свештеник го благословува рускиот вселенски брод „Сојуз“ на космодромот Бајконур во Казахстан пред неговата мисија во меѓунардната вселенска станица.

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, носи безнедносна алка на ногата за време на домашниот притвор во Бангеј , Англија, на 15 јуни. Асанж се бореше против екстрадиција во Шведска поради обвинување за сексуален напад.

Притворен демонстрант го покажува знакот за слобода од полициското возило откако властите ги растурија антивладините демонстрации наречени „„Револуција преку социјалната мрежа“, во Минск , на 29 јуни.

Белорускиот претседател, Александар Лукашенско, во друштво на својот син Николај, ја гледаат воената парада за  Денот на независноста во Минск, на 3 јули.

Босанска муслиманка оплакува гроб на меморијалните гробишта во Поточари, во близина на Сребреница, Босна и Херцеговина. Повеќе од 600 жртви беа закопани на ова место, на 11 јули, на 16 годишнината од масакрот во Сребреница.

Вселенскиот брод Атлантис на 21 јули се спушта во вселенскиот центар Кенеди на Флорида, завршувајќи ја последна вселенска мисија од 30-годишната програма на НАСА. 

Спасувачките екипи извлекуваат младинци од кампот на островот Утоја, Норвешка, откако вооружениот Андерс Брејвик уби 69 лица, на 22 јули. Брејвик исто така фрли бомба и на владината зграда во Осло при што уби осуммина. 

Чад над српско косовската граница на 27 јули. Српски екстремисти подметнаа пожар на граничниот премин Јариње откако косовската влада објави дека ја презела контролата на оваа позиција. 


Грабеж на бутик во Пекам, Лондон, на 8 август. Немирите и грабежите се проширија насекаде низ Лондон и останатите британски градови во текот на неколку дена во август, а беа иницирани од полициското убиство на момче. 

Поранешниот советски претседател, Михаи Горбачов зборува на прес конференција во пресрет на 20 годишнината од државниот удар , на 19 август 1991 година,  кој доведе до распад на Советскиот Сојуз.

Либиските бунтовници слават во Бенгази, на 21 август, по апсењето на синот на Моамер Гадафи, Саиф ал Ислам Гадафи, и делумното потпаѓање на Триполи под власта на опозицијата.


Авганистанскиот претседател, Хамид Карзаи на помилувањето на дете бомбаш, на 24 август. Церемонијата на амнестирање на 20- тина младинци се одржа за време на крајот на рамазанските пости.

Силно невреме се спушта над Менхетн и Бруклинскиот мост во Њујорк, на 28 август откако ураганот Ирена го погоди источниот брег на САД, предизвикувајќи најмалку девет жртви.

Остатоци од патничкиот авион Јак-42 во реката Волга откако авионот се урна во рускиот регион Јарослав на 7 септември, при што загинаа 44 лица, вклучувајќи ги членовите на хокејскиот клуб Локомотив Јарославл. 

„Почит со Светлина“, го осветлува небото над Менхетн на 10 годишнината од терористичките напади во САД, на 11 септември, 2001.

Роберт Пераца, кој на 11 септември 2001, го загуби својот син Роберт Дејвид Пераца, клечи пред името на својот син на Споменикот 9/11 во Светскиот трговски центар во Њујорк на 10 годипшнината од нападите.

Членови на претседателскиот фан клуб пеат „ Среќен роденден претседателе“ на прославата на 46 -от роденден на рускиот претседател Дмитри Медведев, на 14 септември. 

Ветеран од Чернобил во присуство на полицијата поминува пред парламентот во Киев, на 20 септември. Околу 100 лица протестираа против нацрт законот којшто ќе им ги укине бенефициите на ветераните од советската војна во Авганистан, спасувачи во Чернобил и д

Авганистанци го носат ковчегот на поранешниот авганистански претседател Бурханудин Рабани за време на погребната церемонија во Кабул , на 23 септември. Рабани беше убиен во самоубиствен бомбашки напад кој го изврши талибански милитант.  

Студенти од Кина во Купертино, Калифорнија, прават споменик на коосновачот на „Епл“ и технолошката икона Стив Џобс, кој почина на 5 октомври.


Поранешниот премиер на Украина, Јулија Тимошенко и нејзината ќерка Евгенија, присуствуваат на рочиште во судот во Киев, на 11 октомври. Тимошенко беше осудена на седум години затвор за злоупотреба на функцијата.

Фотографија од мобилен телефон на која е прикажан либискиот лидер Моамер Гадафи откако тој беше заробен од страна на бунтовниците во Сирте, на 20 октомври. Тој беше убиен наскоро потоа.   

Турски спасувачки екипи вадат бебе од разурнатата зграда во Еркис, во близина на источниот град Ван, на 25 октомври. Бебето старо 14 дена беше спасено 46 часа по силниот земјотрес што ја погоди југоисточна Турција.

Активист во судир со полицијата на 25 Октомври, во текот на протестите Окупирај го Оукленд, како дел од движењето Окупирај го Волстрит насочено против моќта на корпорациите, кое што започна во Њујорк а се прошири и во други градови на САД. 

Жител на селото Арашан, во близина на киргистанскиот главен град Бишкек , поминува пред рекламен билборд на Алмазбек Атамбаев, пред изборите на 30 октомври. Атамбаев победи на претседателските избори со 63 проценти од гласовите.

Демонстрации против режимот на сирискиот претседател, Башар ал Асад во Хомс, на 13 ноември. Според проценките на ООН беа убиени околу 5000 лица во сириското востание оваа година. 

Гласач го покажуваа својот прст со мастило по гласањето на парламентарните избори во Каиро, на 28 ноември што беше прво гласање откако претседателот Хосни Мубарак беше протеран од функцијата во февруари.

Дете од Пакистан стои заедно со останатите во групата врз знамето на НАТО, во текот на демонстрациите во Исламабад, на 29 ноември, проив НАТО нападите во кои што беа убиени 24 пакистански војници.

Ирански студент ја кине сликата на Кралица Елизабета Втора, откако студенти упаднаа во Британската амбасада во Техеран, на 29 ноември. Бунтот пред амбасадата се случи како одговор на британските санкции против Иран.

Авганистанец бара засолниште неколку секунди по самоубиствениот бомбашки напад на собирот на Шиитите во Кабул за време на фестивалот Ашура, на 6 декември. Повеќе од 20 лица загинаа во секташкиот напад.

Активист на прокремљската младина напаѓа активист на опозицијата за време на протестот на 6 декември против резултатите на руските парламентарни избори.

Дрвја покриени со пајакова мрежа во поплавениот регион на пакистанската провинција Синд, на 7 декември, што настанало најверојатно како резултат на бегање на пајаците од поплавата.

Десетици илјади Руси излегоа на улица на 10 декември на протест против изборната измама. Тоа беше најголемиот протест на опозицијата против владеењето на претседателот Дмитри Медведев и премиерот Владимир Путин.

Почина поранешниот претседател на Чешка, Вацлав Хавел. Илјадници чеси, но и странски државници му оддаваа почит. Прага, декември 2011