Министрите за внатрешни работи на Европската Унија синоќа усвоија механизам според кој по итна постапка во вонредни ситуации може на одредено време да се врати обврската за поседување виза за граѓаните на државите од Западен Балкан, но тоа треба да го одобри и Европскиот парламент. Овој предлог го изработи Европската комисија, а се однесува на ситуации кога нагло расте бројот на „лажни азиланти“ или лица кои го пречекоруваат дозволениот престој од три месеци при патувања без виза во Шенген зоната.
Досега најголем проблем беше доаѓањето на „лажни азиланти“ од Србија и од Македонија во Шведска, Германија, Белгија и во Луксембург.
Досега најголем проблем беше доаѓањето на „лажни азиланти“ од Србија и од Македонија во Шведска, Германија, Белгија и во Луксембург.