Воз Москва-Париз по 20 години

Во Париз синоќа по 37 часови возење пристигна возот од Москва, со кој прв пат по 20 години е воспоставена директна железничка врска меѓу двете престолнини. Трасата која возот ја минува е долга 3 илјади 177 километри, а брзината со која тој патува е и до 200 километри на час. Возот е сопственост на руските железници и ќе ги поврзува Москва, Берлин и Париз. Тој ќе сообраќа три пати неделно во зима, а пет пати во лето. Руските железници соопштија дека се распродадени сите карти до крајот на годинава.