Вандализирана куќата на првиот лустратор Томе Аџиев во Битола

Куќата на претседателот на Комисијата за верификација на факти Томе Аџиев.

Непознати хулигани испишале погрдни графити на семејната куќа на првиот лустратор Томе Аџиев во Битола. На фасадата се испишани вулгарни зборови и цртежи.

Тој и неговата ќерка живеат во куќата во Битола кога немаат обврски во Скопје. Аџиев ги видел графитите вчера кога се вратил во Битола. Вели дека биле испишани деновиве додека бил во Скопје.

На вандализирањето на неговиот дом, тој гледа како на притисок врз него да не одлучува по одредени предмети за лустрација.