Американските власти го поздравија ветувањето на рускиот претседател Дмитри Медведев дека ќе се спроведе истрага за обвинувањата за измама на неодамнешните парламентарни избори.Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека доказот за измама ќе лежи во тоа како ќе се спроведе истрагата и како ќе се импелментираат потоа наодите кои ќе произлезат од неа. Таа ова го изјави во Вашингтон по средбата со британскиот секретар за надврешни работи Вилијам Хаг кој што изјави дека руските мерки треба да произлезат токму од резулататите од истрагата. Претходно и ЕУ го поздрави потегот на Медведев
Во саботата десетици илјади луѓе излегоа на масовните протести против парламентраните резултати твдејќи дека се дело на измама на владеачката партија.
Во саботата десетици илјади луѓе излегоа на масовните протести против парламентраните резултати твдејќи дека се дело на измама на владеачката партија.