Државниот врв на Црна Гора задоволен од одлуката во Брисел

Црногорскиот државен врв денеска ја поздрави одлуката на Европскиот Совет за започнување на пристапните преговори со Црна Гора во јуни наредната година, доколку таа земја наредува во битката против криминалот и корупцијата. Претседателот Филип Вујановиќ изјави дека властите во Подгорица ќе ги остварат условите за почеток на преговорите бидејки тие се од корист и за црногорските граѓани. Шефот на дипломатијата Милан Роќен истакна дека сега Црна Гора ја превзеде палката од Хрватска на долгиот пат кон ЕУ.