САД и Горбачов со критики за изборите во Русија

Соединетите држави и поранешниот советски лидер Михаил Горбачов се меѓу оние кои бараат од руските власти да одговорат на наводите за неправилности на парламентарните избори. Американската Хелсиншка комисија соопшти дека е длабоко вознемирена од извештаите за малтретирање на стотици демонстранти кои биле уапсени затоа што учествувале на протестите против изборите. Одвоено, поренешниот советски претседател Михаил Горбачов дека на изборите имало неправилности и затоа треба да бидат одржани нови. Во Москва и во Санкт Петерсбург веќе три дена активисти протестираат против, како што велат, изборниот фалсификат во полза на премиерот Владимир Путин и владејачката Единствена Русија